fbpx

Го роди на 17 години, па го остави во дом: Еве како изгледа синот на Ана Бекута

Околината ја осудувала нејзината одлука да го остави синот во дом за незгрижени деца. И нејзините родители биле срам за селото од кое доаѓаат. Поради ова, пејачката била особено лута, бидејќи сметала дека тие не се виновни за ништо

Оние што со години ја следат нејзината кариера, знаат дека Ана Бекута станала мајка кога имала само 17 години, кога не била доволно зрела самостојно да носи одлуки, па морала да се соочи со голема семејна драма. Сепак, на крајот мајчинската љубов победила.

Токму нејзиниот син ѝ бил најголемата мотивација да почне професионално да се занимава со пеење и да го земе животот во свои раце, пишува „Глоси“.

„По сите страшни внатрешни удари, го сместивме Игор во дом. Голем дел од моето срце тогаш се откорна и таа рана никогаш нема да зарасне. Ме сметаа за глупава затоа што „тоа“ не сум го убила на време, не сум го сокрила и оставила во некоја далечна болница. Секој викенд патував за да го прегрнам моето чедо. Таа агонија траеше неколку месеци, кога гласот на срцето и на разумот таа птица ја врати во гнездото“, изјави пејачката пред неколку години.

Наследникот Игор и внуците денес ѝ се голема поддршка и мотивација, па секое слободно време го поминуваат заедно.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија! Почина Масимо Савиќ

Тажната вест ја објави хрватскиот портал „24 часа“ Од Масимо на социјалните мрежи се простија сопругата Ена и ќерката Мирна. „Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ не’ напушти по кратка, но херојска битка. Иако замина од овој свет, во нашите души ќе живее вечно. Насмеан, топал, силен, полн […]