fbpx

Го врати од мртвите, триесет години беа едно во добро и зло: Љубовната приказна на Масимо Савиќ

Ја остави дрогата за да биде подобар сопруг, но пред се’ татко

Љубовната приказна на Масимо Савиќ и Ена Кондиќ траеше цели 30 години, а пред да ја започнат врската, мислел дека таа е престрога и препаметна за него.

Познатиот хрватски музичар имаше интересни љубовни врски, некои од нив и со познати колешки. Една од нив беше и легендарната Беби Дол, но по неколкуте авантури конечно заплива во брачните води.

Масимо и Ена се запознале во куќата на аранжерот Крешимир Клеменчиќ кој во тој период интензивно работел со Јосипа Лисац.

„Не може да се случи жена ми да излезе од дома без да ја бакнам. Едноставно, не може. Трчам по неа ако не го направам тоа“, откри кантавторот за магазинот „Хелоу“ пред неколку години.

Масимо секогаш имаше само пофални зборови за сопругата со која ја има ќерката Мирна.

Во едно друго интервју изјави дека сопругата го вратила од мртвите.

„Таа се појави не во 5 до 12, туку неколку секунди пред 12. Мојата сопруга успеа да направи да поверувам дека постои позитивност и многу причини поради кои треба да се борам. Имавме среќа да останеме заедно“, изјави тој.

Докажаниот хрватски музичар често настапуваше во Македонија. Еден од најреспектабилните вокали на Балканот полнеше сали, пееше во антички театри. Секогаш во суперлативи зборуваше за нашата земја, а пред неколку години на покана од Гарабет Тавитјан и неговите синови ја препеа „Елено ќерко“. Соработуваше и со Калиопи.

„Да го познаваш македонскиот фолклор, традицијата, е прашање на општа култура. Македонија со својата географска позиција меѓу Мала Азија и Централен Балкан несомнено ја искористила шансата да создаде неверојатна музичка култура. Македонскиот фолклор е најубавиот на овие простори“, изјави во една прилика.

Масимо е легенда на југословенската музика, уметник кој успеа да ја одржи кариерата и покрај тоа што многу работи на естрадата се променија.

„Денес излегува дека е поважно дали сте имале секс пред камера или колку пати сте биле во веце додека дремете во некоја адаптирана куќа со рефлектори во која постојано ве снимаат. Колку еден човек вистински е добар во својата работа е нешто што последно се гледа“, констатираше разочарано во едно интервју.

Ј.П.

* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Јас опериран со четири бај паса, да влезам во шахтата.. Коле Ангеловски проговори за драмата што ја преживеал

Ова не посакувам никому да му се случи. Јас сум лојален граѓанин на оваа држава. Сметките за струја, вода, парно ги плаќам редовно и максимално се трудам да не задоцнам со некоја сметка, затоа што каматите и тужбените решанија се страшни. Еве што ми се случи со јавното претпријатие Водовод […]