fbpx

Операцијата ја чинеше живот: Познатата актерка почина на 32 години поради зафат што го имала пред една деценија

Конечно е соопштена вистинската причина за смртта на младата актерка и модел која почина на 32-годишна возраст.

Ѕвездата на годинашниот кански лауреат „Триаголник на тагата“ почина ненадејно во август.

Иако постоеше сомнеж дека причина за смртта на Шарлби Дин била вакцината против Ковид-19, нејзиниот брат Алекс Џејкобс за медиумите потврди дека тоа не е така.

Актерката починала поради компликации од рутинска операција која ја имала пред десет години. Таа доживеала тешка сообраќајна несреќа во 2009 година, по што лекарите ѝ ја отстраниле слезината. Во несреќата се здобила и со скршеници на ребрата и повреди на грбот.

Медицинскиот истражител од Њујорк во средата потврди дека причината за смртта е сепса. Нејзината бактериска сепса настанала откако била заразена со бактерија позната како Капноцитофага.

Иако инфекцијата е ретка, постојат различни видови на такви инфекции кои се развиваат во устата на луѓето, а се присутни и во устата на животните. Луѓето со автоимуни проблеми и без слезина се особено чувствителни.

Во својата релативно кратка актерска кариера оваа убавица имаше уште неколку забележителни ролји во остварувањата „Black Lightning“, „An Interview with God“ и „Spud“.

Само четири месеци пред да почине, Шарлби се сврши со долгогодишното момче Лук Чејс Вокер кој симболично ја запроси на Менхетен, на истата улица каде што првпат се бакнаа.

Фото: Инстаграм/Принтскрин Јутјуб

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Невин лежел во затвор 25 години, а потоа му пукале во глава: Татко на шест деца заврши трагично

Потресно! Татко на шест деца поминал дури две и пол децении во затвор, иако бил невин. Кристофер Вилијамс пред помалку од две години конечно излегол на слобода, а на 16 декември е убиен со куршум во глава на погреб во Северна Филаделфија. Вилијамс бил осуден за четири убиства од 1989 […]