fbpx

Екстремно загадување на воздухот: Д-р Несторовиќ советува како да го исчистите телото!

Загадениот воздух повторно е тема за која овие денови најмногу се зборува.

Квалитетот на воздухот во Скопје, но и во целата држава е исклучително лош, тешко дишеме и често се закашлуваме кога по подолга прошетка ќе влеземе дома.

Познатиот пулмолог, д-р Бранимир Несторовиќ, вели дека аерозагадувањето влијае и на другите органи и дека постои јасен сооднос на бројот на заболени од карцином со степенот на загаденост.

– Аерозагадувањето спаѓа меѓу најважните причинители на смртоносни болести според податоците на Светската здравствена организација. Според моменталните проценки, речиси секое шесто дете има астма, преку 20 отсто од нив се соочуваат со алергиско кивање, а во пораст се и другите заболувања директно поврзани со респираторните инфекции – вели д-р Несторовиќ.

Тој тврди дека најчувствителни се децата до три години, бидејќи нивната плуќа е во развојна фаза и оштетувањата во тој период може да бидат со трајни последици.

Професор Несторовиќ вели дека најдобро е да се излезе надвор кога има струење на воздухот и што почесто да се пешачи покрај река бидејќи водата ги раствара гасовите од аерозагадувањето.

Исто така препорачува што повеќе да се консумира сок од цвекло кој ги отстранува тешките метали од нашето тело.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Александра отвори вино што ѝ го донеле за слава, доживеа шок: Видете што излегува од шишето (ВИДЕО)

Ѝ се чинело чудно, а кога помириснала, се’ ѝ станало јасно Александра Стевановиќ за слава добила шише црно вино. Кога конечно одлучила да го отвори се запрепастила. Таа на „Тик Ток“ сподели видео кое почна масовно да се споделува по социјалните мрежи. Коментарите се урнебесни. „Таман за ќофтиња“ и „Ќе […]