Денот кога стана мајка ќе го памети како најсреќен, но и како најтажен ден во животот
Познатата пејачка Билјана Сечивановиќ ја откри големата семејна трагедија којашто се случила токму на нејзиното породување.
Само неколку часа пред да стане мајка дознала дека нејзиниот внук починал. Бил погребан истиот ден кога го родила синот Матеја.
Секоја година прославата на неговиот роденден ја потсетува на таа тажна приказна.
„За жал, не можев да му се израдувам на тоа мало битие кое го донесов на свет, затоа што истиот тој ден поворка тргна да однесе два метра под земја уште една млада душа, синот на мојата родена сестра-Никола“, откри пејачката низ солзи.
Сечивановиќ неколку години подоцна по немилиот настан учествуваше во шоуто „Ѕвездите на гранд“ и нејзината кариера започна да се движи во нагорна линија.
Како што самата изјави во едно интервју, низ годините како самохрана мајка успеала да заработи доволно за да му обезбеди пристоен живот на синот.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.