fbpx

Тажно и неверојатно! Ова бебе веќе двапати остана сираче, кога ќе слушнете зошто..

Неверојатно тажна судбина

Бебе за две години дури двапати останало сираче. Прво било напуштено од биолошката мајка, а потоа од него се откажале и „новите родители“ кои се јавиле на интернет-огласот што го објавила мајката.

Во целиот случај на крај се вмешала и полицијата и сега на сите инволвирани им се заканува затворска казна.

Се’ почнало во декември 2020 година кога жителка на рускиот град Казањ родила син. Младата мајка бргу сфатила дека нема да може да се грижи за него, наводно немала пари ни самата да се прехрани.

Одлучила бебето да го подари на некое ситуирано семејство, а потрагата по новите родители ја почнала на интернет. Објавила оглас, а по неколку дена ја контактирале сопружници од Пјатигорск.

Како што информира портпаролот на полицијата, „трансакцијата“ била лесна и брза. Во матичната служба се појавил 42-годишен жител на Пјатигорск кој нагласил дека тој е биолошкиот татко на новороденчето. Без проблеми му било врачено уверение за татковство, а на детето му било доделено ново презиме. Со документите и со „синот“ се вратил дома.

Но, бебето очигледно не го донел толку посакуваниот мир на оваа двојка. Набргу одлучиле да се разведат, а новопечениот „татко“ одбивал да се грижи за дете со „туѓа крв“, особено да плаќа алиментација. На крај, ѝ се обратил на полицијата и го признал делото.

Во јули годинава судот ги осудил „родителите“ од Пјатигорск на условни казни: 41-годишната жена добила три години, а 42-годишниот маж добил пет месеци повеќе. На биолошката мајка ѝ се заканува затворска казна од десет години.

Детето моментално е згрижено кај неговата баба.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Од моите раце го касна последниот залак: Македонскиот пејач со трогателна посвета

Познатиот естраден уметник сподели тажна вест Докажаниот македонски интерпретатор Орце Стевковски-Царот емотивно се прости од својата мајка на социјалните мрежи. „Почивај во мир, мајко моја мила. Нека ти е лесна земјата. Денес од моите раце го касна последниот залак леб, те гушкав, те милував и го слушав последниот здив. Почивај […]