fbpx

Трагедија во домот на Рада Манојловиќ: Најтешкото нешто што можеше да ѝ се случи

Тажна животна приказна

Рада Манојловиќ пред речиси две децении се соочи со голема семејна трагедија.

Популарната пејачка беше многу млада кога мајка ѝ почина од рак.

Неодамна, таа конечно собра храброст да проговори за најтешкиот момент во нејзиниот живот порачувајќи дека е среќна што ѝ ја исполнила најголемата желба на мајка си, а тоа е да стане пејачка.

Манојловиќ со родителите, сестра ѝ и брат ѝ

– Се сеќавам колку многу сакаше да успеам со пеењето. Една година пред нејзината смрт се пријавив да се натпреварувам во „Ѕвездите на Гранд“ и не поминав добро. Во тие мигови ми се сруши сѐ, а таа и покрај тоа што беше кревка со здравјето, наоѓаше сила да ме утеши. Ги паметам нејзините зборови: Драга, ова не е крај! Еден ден сигурно ќе бидеш ѕвезда! Голема ѕвезда како Драгана Мирковиќ. Имаше визија и секогаш веруваше во мене. Таа е мојата убавица, мојот херој и ангел – раскажа Рада за мајка ѝ Мирјана.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Плаче и го бакнува ковчегот, цела естрада се собра на погребот на Туцаковиќ

Лелеци и солзи, бројни ѕвезди се собраа пред капелата Семејството и пријателите на починатиот уметник Милан Радуловиќ-Лаќа (36) се собраа на новите гробишта во Белград. Синот на покојната легендарна текстописка Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Фута Радуловиќ ќе биде погребан покрај мајка си и брата си. Српските медиуми сведочат за […]