fbpx

Плаче и го бакнува ковчегот, цела естрада се собра на погребот на Туцаковиќ

Лелеци и солзи, бројни ѕвезди се собраа пред капелата

Семејството и пријателите на починатиот уметник Милан Радуловиќ-Лаќа (36) се собраа на новите гробишта во Белград.

Синот на покојната легендарна текстописка Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Фута Радуловиќ ќе биде погребан покрај мајка си и брата си.

Српските медиуми сведочат за потресни сцени.

Неутешен и скршен! Си го погреба цело семејство, естрадата го теши

„Фута собра сили на насобраните да им се обрати само со неколку збора. Скршен е од болка. Плаче и го бакнува ковчегот. Потресно! Бабата и дедото го надживеаја внукот, коментираат присутните пред капелата“, пренесуваат новинарите присутни на настанот.

На последното збогување со Лаќа меѓу првите пристигна пејачот Данијел Павловиќ, полубратот на Марија Шерифовиќ. На церемонијата присуствуваат и Жељко Самарџиќ, Мира Шкориќ, Дара Бубамара, Наташа Беквалац и Саша Матиќ.

Марина Туцаковиќ, дамата која ги напиша стиховите на најголемите музички хитови во регионот, почина лани на 67-годишна возраст. Се’ до нејзината смрт најголема болка ѝ остана синот Милош кој трагично го загуби животот на први декември 2008 година. За жал, сега и нејзиниот друг син го снајде истата судбина.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Неутешен и скршен! Си го погреба цело семејство, естрадата го теши

Боли! За овој човек нема утеха.. Познатиот композитор Александар Фута Радуловиќ е скршен од болка. Во 2008 година го погреба синот Милош, минатата есен му почина сопругата, легендарната текстописка Марина Туцаковиќ, а денеска засекогаш се прости и од другиот син Милан Радуловиќ кој под мистериозни околности почина на 36 години […]