fbpx

Смртен случај ја потресе естрадата: Андреј пронајден мртов во семејниот дом

Често позираше во друштво на познати личности, живееше брзо и жестоко

На 35-годишна возраст почина Андреј Анчевиќ, кумот на познатата естрадна двојка Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ-Раста.

Неговото безживотно тело во семејниот дом во населбата Лештане во Белград го пронашла сопругата Сања.

Како што дознава српски „Курир“, Анчевиќ со часови не ѝ кревал на мобилниот, па таа почнала да се сомнева дека нешто не е во ред. Во истиот момент ги спакувала куферите и се вратила од Врњачка Бања каде била кај нејзините родители. Штом влегла дома, се соочила со страшната вистина. Веднаш повикала Брза помош и полиција. Лекарите само констатирале смрт, а причината се’ уште е енигма.

Андреј кој едно време им беше и телохранител на Ана и Раста, беше познат по проблематичното однесување. Минатото лето предизвика тешка сообраќајна несреќа, а пред четири години беше застрелан во ногата пред ресторанот кој самиот го менаџираше во тој период.

Уживаше во друштво на познати личности, па српската естрада со неверување ја прими тажната вест.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Го најде подарокот од момчето: Страшен пресврт, се шокира во истиот миг (ВИДЕО)

Агонија наместо радост Секоја девојка им се радува на подароците од својата посилна половина, особено кога се во прашање посебни датуми или празници. Овојпат на една млада дама Божиќ буквално ѝ преседна, откако го нашла подарокот од своето момче. Во видеото што го објави на „Тик Ток“ покажува како во […]