fbpx

Трагедија! Почина омилената пејачка од „Никогаш не е доцна“

По тешко боледување, на 66 години почина Живка Спасиќ, една од омилените пејачки во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Тажната вест ја потврди нејзиниот син Воислав.

„По долга и тешка битка, мајка ми се пресели на поубаво место. Датумот и местото на погребот ќе бидат објавени дополнително“, напиша тој.

Спасиќ водеше долга борба со рак на белите дробови кој дури двапати ѝ се враќаше, а неодамна во едно интервју отворено проговори за тешкиот период и за хемотерапијата.

„Пред пет години успешно оперирав рак на белите дробови. Но, сега се појави на истото место и повторно се борам. Тешко ми е да поднесам се’, но не дозволувам да ме напушти позитивниот дух. Не се откажувам, човек треба да се бори до крај, бидејќи без тоа нема живот“, порача таа летово.

Живка беше пензионирана професорка која од прва ги освои симпатиите на публиката. Фановите се простуваат од неа со трогателни посвети на социјалните мрежи.

* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Виде дека мајка му е во опасност, брзо реагираше: Ова момче воодушеви милиони (ВИДЕО)

Често слушаме дека родителите ќе направат се’ за своето дете, но еве ви доказ дека и децата размислуваат на истиот начин за родителите На снимката која стана вирална се гледа како мајката ја поправа вратата од гаражата. Во еден момент скалите ѝ се лизнуваат и паѓаат на земја, оставајќи ја […]