fbpx

Останал без полов орган поради лекарска грешка: Еве со што му го замениле

Урологот се обидел да отстрани што е можно поголем дел од туморот, но тоа не ги дало посакуваните резултати

Француска болница морала да му исплати 60.000 евра на еден маж откако по грешка, наводно од невнимание, комплетно му го отстранила половиот орган.

„Го мразам докторот кој не ме послуша. Играше руски рулет со мене“, ја почнал својата приказна овој несреќен маж кој инсистирал на анонимност.

Зафатот се случил во 2014 година во Универзитетската болница во Нант, кога на татко на три деца, тогаш на возраст од 30 години, му дијагностицирале карцином.

Во намерата да му се подобри состојбата, главниот уролог во болницата се обидел да отстрани што е можно поголем дел од туморот. За жал, ракот метастазирал и мажот почнал да чувствува неподносливи болки. Објаснил дека биле толку силни, што во еден момент и самиот размислувал да побара ампутација. Како што изјавил подоцна, сопругата го спречила во намерата.

Поминале две години и туморот пораснал до таа мера што докторот рекол дека не постои друг избор, освен да му ја отстранат „машкоста“.

„Или тоа или ќе умрам, ми рекоа. Одлуката падна. Ми ги оставија само тестисите, бев очаен. И денес се срамам да признаам дека немам полов орган. Функцинирам со помош на одреден механизам со сензори“, раскажал тој.

Неговиот адвокат првично побарал милион евра оштета, но францускиот суд го одбил барањето како неосновано. Тој сега наводно планирал да поднесе жалба повикувајќи се на тоа дека „психолошката штета не е земена в обзир“. Сепак, светла точка во оваа приказна е што ракот конечно е во ремисија.

* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Им почина единственото чедо: Мајката се распаѓа од болка, таткото едвај стои на нозе

Нема утеха за семејството од Владичин Хан Не стивнуваат реакциите во регионот по смртта на четиригодишниот Д.Ѓ. кој почина откако голтна желад во градинка. Сѐ уште не се познати сите околности како дошло до немилиот настан. Несреќното момче од задушување починало во болница во Ниш. „Според она што полицијата го […]