fbpx

Ја фати жена му во акција со колегата: Ќе се шокирате кога ќе слушнете како ги откри

Сопругата веќе подолго време му била сомнителна

Еден маж завршил в затвор откако на чуден начин ја фатил жена му како го изневерува, а потоа љубовникот го нападнал со нож.

Додека бил на работа, 47-годишниот емигрант од Словенија преку бејби-монитор ја открил сопругата дека „фаќа кривина“ во нивната спална соба, пишува словенечкиот портал „Нови час“.

Поитал дома да се увери во прељубата, но во налет на бес го зграпчил кујнскиот нож и сега поради тој непромислен потег се нашол на суд.

Марек (презимето не е објавено), пред 12 години ја напуштил татковината и заминал во Англија по подобар живот. Таму се оженил со Људмила со која е во брак точно една деценија. Но, таа почнала афера со нејзин колега.

Нивното гледање наводно траело повеќе од пет месеци. Марек почнал да се сомнева во саканата поради пораките на нејзиниот телефон, но сепак бил доволно трпелив затоа што сакал да ја фати на дело. Во намерата успеал на 31 октомври кога во девет наутро тргнал на работа, па во спалната веднаш „влетал“ колегата.

Тогаш камерата за бебиња поврзана со мобилниот на Марек му ја разјаснила дилемата. Неверната жена ја свртела кон ѕидот, но заборавила да го исклучи звукот. Благодарение на тоа, Марек веднаш сфатил што точно се случува.

Швалерот усепал да побегне низ градината и да се заклучи во автомобилот. Тогаш Марек на пат кон дворот го зел кујнскиот нож и истрчал кон него, но на крај сепак не успеал да го повреди.

Сепак, самото заканување со оружје било доволно против него да биде отпочната кривична постапка.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Вера открива каков хаос нè очекува во 2023 година: Натпросечно турбулентна, ќе се појави и нов вирус

Го предвиде Ковид-19, а сега најавува нешто уште пострашно Познатата хрватска јасновитка и визионерка Вера Чудина која со голема прецизност ги погодува настаните во иднината, сега се огласи со нова важна порака. Таа за новата година што ни е на прагот вели дека ќе биде период во кој ќе мораме […]