fbpx

ОВА е најлошото нешто што мајка може да ѝ го направи на ќерката, тврдат руските психолози

Најлошата работа која една мајка може да ја направи за својата ќерка е да ја воспитува да биде „добра девојка“.

Тука не станува збор за пристојно однесување, убави манири или одговорност.

„Добрината“ е често навика управувана од туѓи проценки и мислења, страв некого да не навредите, желба во секоја ситуација да се препознае најдоброто. Да се биде добар, пријатен и сочувствителен е тешко бреме од кое многумина не можат да се ослободат во текот на целиот свој живот.

Добрите девојки ги сакаат сите. Воспитувачките во градинка, родителите, наставниците во основното училиште. Кога ќе ѝ кажат на добрата девојка до крај да ја изеде супата, таа тоа и ќе го направи, па дури подоцна и да поврати, само за да не ги вознемири возрасните. А потоа, кога ќе порасне, не може да разбере зошто има повеќе килограми и навика да јаде повеќе отколку што му е потребно на телото. Таа не го слуша своето тело, нема навика за тоа. Навикната е да слушне од другите дали е сита или не.

Добрата девојка не се расправа со возрасните. Со нив не разговара луто, дури и не е рамноправен соговорник. Само се смее, се согласува, се потчинува. А кога ќе дојде на возраст од 14-15 години, кога некој возрасен маж ќе почне да ѝ се приближува со страсна насмевка, таа и понатаму молчи. Таа нема вештина да каќе НЕ. Таа трпи и болка, наместо јасно и гласно да порача: Тргни се!

Добрата девојка има само петки. Четворките за неа се трагедија. До толку се привикнува да ја оценуваат другите што продолжува да живее во грч и постојано да се прашува како другите ја оценуваат, што другите мислат за неа. Но, светот на возрасните функционира поинаку, па добрата девојка страда и пие седативи, ако не и нешто појако.

Многу добри девојки, воспитувани идеално да се жртвуваат, наоѓаат мажи без амбиции, мажи кои не работат и кои постојано изневеруваат.

Добрата девојка е учена на трпение. Да не им додева на другите со „ситници“ и трпеливо да чека да ѝ се посвети внимание. Добрата девојка со години не купува ништо за себе, дури и тоа што ѝ е неопходно.

Затоа, подобро е девојката да не биде толку добра. Нека биде храбра, способна да застане зад своите идеи и ставови, да знае што сака, да знае за своите потреби и граници. Самата да прави проценка што смее, а не да се огледува во очите на другите. Нека не биде толку добра. Нека биде среќна..

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Славниот актер во критична состојба: Доживеал бизарна несреќа додека чистел снег

Славниот холивудски актер е во критична, но стабилна состојба Џереми Ренер тешко се повредил во бизарна несреќа, додека викендов чистел снег, информираат американските медиуми. „Тој е во критична, но стабилна состојба поради повредите со кои се здоби. Во болница е префрлен со хеликоптер. Семејството е со него и обезбедена му […]