fbpx

Потресни сцени: Последно испраќање на Масимо Савиќ (ФОТО)

Масимо Савиќ, еден од најдобрите музичари на овие простори, денеска ќе биде погребан во Задар.

Повеќе од триста луѓе се собраа на градските гробишта за последен пат да се простат со него.

Ќерката Мирна и сопругата Ена примаат сочуство од бројни обожаватели, но и од познати хрватски уметници.

Џибони, Тончи Хулиќ со семејството и Марина Томашевиќ пристигнаа меѓу првите на погребот.

„Задар загуби премногу, Хрватска исто така. Не е сега муабетот колку остави позади себе, туку уште колку можеше да даде. Тој сега беше највитален. Не ни знаев дека е болен, се слушнавме пред три недели. Имавме некои планови за телевизиско шоу, па ова ми дојде како голем шок. Во моите очи тој беше во цутот на младоста. Не ги перцепираш годините по изводот на раѓање, туку според креацијата која ја носиш во себе“, рече Џибони.

Го врати од мртвите, триесет години беа едно во добро и зло! Љубовната приказна на Масимо прочитајте ја ОВДЕ!

Масимо Савиќ почина на 60-годишна возраст, како што напиша неговото семејство, по кратка, но херојска битка со болеста.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Сопругот го уби швалерот, па се самоуби: Ова е фаталната жена, соседите откриваат детали

Крвав љубовен триаголник Убиство и самоубиство ја вознемири јавноста, откако З.М, инаку сопруг на Е.М., го убил Т.З. во неговиот дом, а потоа си пресудил. Трагедијата се случила во Кикинда, наводно откако З.М. дознал дека неговата сопруга е во врска со Т.З., а „швалерајот“ го потврдиле и соседите. „Се гледаа […]