fbpx

Естрадата завиена во црно: Ја претчувствувал смртта, почина со една мисла

По долго и тешко боледување, на почетокот на годинава почина познатиот интерпретатор на народна музика Зоран Калезиќ.

Фолк-пејачот водеше битка со карцином на белите дробови, а откако му беше дијагностициран се лекуваше во една црногорска болница.

За неговата здравствена состојба отворено зборуваше. Во едно од неговите последни интервјуа раскажа дека претчувствува оти му се ближи крајот и дека наскоро ќе му се придружи на својот најдобар пријател, кум и колега-легендарниот Тома Здравковиќ.

„Веќе тргнав на тој пат. Знам дека наскоро ќе се сретнеме, но имам уште нешто да направам до тогаш. Имам потреба за уште еден концерт, да ги видам сите тие убави луѓе во публиката“, искрено и низ солзи говореше во емисијата „Балкан инфо“.

* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Имаше големо срце! Тажен ден, сите се простуваат од „чичко Вангел“

Почина д-р Вангел Тодоров, специјалист педијатар. Ќе остане запаметен по исклучителната стручност, ведриот дух и посебната посветеност на здравјето на децата, коментираат неговите сограѓани. „Големото срце, добрина и хуманост, најдобро беа препознавани од децата кои со радост и без страв доаѓаа во амбулантата на д-р Вангел или чичко Вангел, како […]