fbpx

Сопругот го уби швалерот, па се самоуби: Ова е фаталната жена, соседите откриваат детали

Крвав љубовен триаголник

Убиство и самоубиство ја вознемири јавноста, откако З.М, инаку сопруг на Е.М., го убил Т.З. во неговиот дом, а потоа си пресудил.

Трагедијата се случила во Кикинда, наводно откако З.М. дознал дека неговата сопруга е во врска со Т.З., а „швалерајот“ го потврдиле и соседите.

„Се гледаа цели шест години и тоа сите го знаеја. Нејзиниот сопруг работеше во Унгарија и речиси цело време беше на пат. Тие немаа никаков однос, иако беа во брак. Не знаеме што сега наеднаш се случи“, сведочат соседите.

Велат дека убиениот Т.З. бил прекрасен кон Е.М., па дури и кон нејзините внуци.

„Неодамна им купи зајче“, наведуваат тие.

З.М. го убил Т.З. на најбрутален начин. Прво му нанел смртни повреди со нож, а потоа му го згмечил черепот со чекан. По инцидентот, се качил на таванот од семејната куќа и се обесил.

Според првичните сознанија, на кујнската маса е пронајден крвавиот нож, а во тоалетот покрај вц-шолјата е пронајден чеканот на кој исто така имало траги од крв.

Траги од крв имало и по телото на обесениот маж.

Истрагата е во тек.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Имаше големо срце! Тажен ден, сите се простуваат од „чичко Вангел“

Почина д-р Вангел Тодоров, специјалист педијатар. Ќе остане запаметен по исклучителната стручност, ведриот дух и посебната посветеност на здравјето на децата, коментираат неговите сограѓани. „Големото срце, добрина и хуманост, најдобро беа препознавани од децата кои со радост и без страв доаѓаа во амбулантата на д-р Вангел или чичко Вангел, како […]