fbpx

Македонија плаче: Ѝ ја одзедоа куќата, сега по смртта ја покажа својата чиста душа

Тулај Нурединова Мустафа, прекрасната граѓанка од Битола, на која за долг од 5.000 евра ѝ беше земена куќата, не’ напушти прерано, замина во вечноста.

Ми зборуваше дека извршителот дури и алиштата ѝ ги земал, не спиеше со години со голем терет во душата.

Пријавуваше кај Народниот Правобранител, во ОЈО, беше константно присутна на сите наши протести, беше и на разговор во министерството со надлежните.

Бараше правда, беше борец, невидено храбра, стана бездомник, но остана со достоинството како сјајна ѕвезда.

Светол да ти е патот Тулај.

Ние ќе продолжиме да се бориме без здив, за правда.

Најважно од се’, Тулај е донор на своите органи, после физичката смрт, ја покажува својата чиста душа која е вечна.

Фејсбук-статус на Ана Глигорова

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

На Бадник семејството е црква! За здравје НАПРАВЕТЕ ГО ОВА!

Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се’ по нешто за […]