fbpx

Доцна стана мајка, лавовски се бореше за синот: Потресно сведоштво за Мара Попара

Многу генерации денеска ги вознемири информацијата за смртта на македонската театарска, филмска и телевизиска глумица Катерина Крстева.

Славната Мара Попара јавноста ја познаваше како исклучително позитивна и секогаш насмеана личност, но животот воопшто не ѝ бил песна.

Нејзиниот колега од култното радиошоу „Хихирику“, актерот Гоце Тодоровски, открива дека Катерина си имала свои маки со кои храбро се носела.

„Малкумина знаат за нејзиниот приватен живот. За сите беше веселата Мара Попара, на луѓето им остана препознатлива според ликот кој го глумеше. Таа зад себе го остави синот Александар, кого сама го изгледа. Се омажи доцна, сопруг ѝ беше Мишо кој работеше во Макпетрол. Кога остана бремена во Александар, тоа беше во време кога имаше над 45 години, можеби и 50, за сите кои ја знаевме, па дури и за неа самата, тоа беше феномен, на таа возраст да се оствари како мајка. Се роди Александар, му ја даде целата своја љубов, но за жал Мишо почина додека тој беше уште многу мало дете. Кате сама се грижеше за синот, го носеше со неа на сите проби, на претстави, тој порасна заедно со нас, актерите. Ист како неа, со весел дух, беше мило дете“, се присетува Тодоровски за „Фокус“.

Крстева имала мала пензија, па за да заработи дополнително, додека можела одела низ разни локали заедно со Мешко, имале скечеви, претстави..

„Александар еден период се вработи во Макпетрол, но поради одредени причини тоа не траеше долго. Знам дека и сега е невработен, не знам што ќе прави без мајка му која му беше најголема поддршка, и тоа ми е голема грижа“, завршува Тодоровски.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Починала од тага по синот Александар: Нови шокантни детали од животот на Мара Попара

Следни Објави

Починала од тага по синот Александар: Нови шокантни детали од животот на Мара Попара

Нови моменти од тешкиот живот на легендарната македонска актерка Катерина Крстева од час во час се споделуваат на социјалните мрежи. Откако актерот Гоце Тодоровски, инаку нејзин колега од култното радиошоу „Хихирику“, со најдобра намера откри дека славната Мара Попара си имала свои маки со кои храбро се носела и дека […]