fbpx

Јасновидец ѝ рекол дека наскоро ќе умре: Повлекла храбар потег, па се случило ЧУДО

Се уплашила, па животот ѝ се променил

Страшните зборови во истиот миг ѝ дале мотив за сериозна промена на оваа 30-годишна жена.

Ребека Вилкинсон одлучила да направи оперативен зафат за кратење на желудник во Турција, откако добила сериозно предупредување дека наскоро ќе умре ако не повлече некои радикални потези.

Борбата со прекумерната тежина траела уште од тинејџерството, а потоа забременила на само 18 години.

Не ѝ помогнале никакви режими на исхрана, како што вели, џабе се изгладнувала со разни диети. Се’ се променило кога заминала кај еден јасновидец кој ја предупредил дека смртта ѝ е зад петици.

Предупредувањето го сфатила сериозно, а во септември 2020 година резервирала лет за Анталија каде на една клиника ѝ била направена гастректомија. Операцијата поминала успешно, а Ребека за повеќе од една година буквално се преполовила.

„Бев очајна по неуспешните обиди да ослабнам. По таа случајна сеанса со тарот-карти кога ми рекоа дека уште малку ми преостанува на овој свет, сериозно се уплашив. Знаев дека овој хируршки зафат е единственото решение“, раскажа Ребека во едно интервју.

Таа не крие дека со години се соочувала со вербално злоставување во училиште и дека утеха наоѓала во храната. Како килограмите се таложеле, така се’ повеќе се интензивирала битката со анксиозност и со депресија.

Што се однесува до јасновидецот, на почетокот била скептична, но се водела од логиката дека нема што да изгуби ако се обиде.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Огромна тага! Почина легендарната Мара Попара

Тажна вест Почина македонска театарска, филмска и телевизиска глумица Катерина Крстева. Најпозната како Мара Попара од легендарната радиоемисија „Хихирику“, Крстева имаше импресивна актерска кариера. Публиката ја памети и од серијалите „Македонски народни приказни“, „Погрешно време“, „Волшебното самарче“.. -Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Катерина Крстева, дамата […]