fbpx

Крајот бескрајно тажен: Блага Петреска скршена од болка

Предмалку се огласи легендарната македонска пејачка, сподели тажна порака

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на Катерина Крстева, дамата на македонското актерство која меѓу народот беше популарна како Мара Попара.

Нејзини колеги велат дека си имала свои маки со кои храбро се носела, а пријатели на семејството открија дека починала со огромна тежина на душата.

Нејзиниот син Александар починал пред неполна година на 36-годишна возраст, а по трагедијата актерката сосема се повлекла.

Предмалку се огласи и докажаната пејачка на македонски изворни и новокомпонирани песни, Блага Петреска.

„Мара Попара не’ напушти. Не можам да престанам со жалење за нејзината судбина. Толку јак дух, толку позитивна, а крајот бескрајно тажен. Кате моја, нека ти е светол патот! Ете не можеше без Сале и побрза кај него. Сочувство до сестра ти“, напиша таа на „Фејсбук“.

Следни Објави

Му роди ќерка, но на погреб не му отиде: Овој маж ѝ беше сопруг на Неда Украден (ФОТО)

Славната пејачка Неда Украден е со децении присутна на јавната сцена, но за нејзиниот приватен живот многу малку се знае. Неда има една ќерка, Јелена, која ја доби во бракот со реномираниот режисер Милан Билбија. Се запознале кога таа била едвај полнолетна. Нивната врска траела десет години, но во брак […]