fbpx

Македонски скандал, се палат Библии: Прости им Господе, не знаат што прават!

О, СВЕТА ПРОСТОТИЈО! – извикал протестантскиот реформатор Јан Хус кога бивал спален на клада, зашто една жена „побожно“ пристапила, фрлила дрво во оганот во кој горел тој, се прекрстила и си заминала.

Вчера такви „правоверни“ зилоти снимале видео како заедно со своите деца палат детски Библии затоа што биле протестантски, еретички, секташки. Во видеото, кога не се пали веднаш Библијата, дури вели: „Од клетите е, нејќе ни да гори“. Еден куп други на објавата исто така повикуваат да се спалат, искинат или закопаат Библиите.

Два моменти се многу важни тука:

1. Библиите за млади иако се од протестантски автор и се финансирани од протестантска мисија се со препорака т.е. благослов на Архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Содржината е проверена од Богословскиот факултет. Библиите се делат од страна на православни свештеници, во православни цркви после литургија. Библиите се подарок, кој сака може да земе, на сила никому не се натураат.

2. Донацијата од 225.000 вакви Библии беше предадена во целост на МПЦ-ОА, ниту една протестантска црква не доби ниту една ваква Библија. Единствено јас (по друг канал) успеав да добијам неколку стотини примероци за нашите деца и млади, што значи скоро секоја ваква Библија е во циркулација благодарение на МПЦ-ОА. Оттука, глејте апсурд, дечињата и младите од протестантските цркви кои радо би ги читале, не добија ниедна, додека дел од тие што ги добија сите, ги палат или фрлаат.

Ова е тој неразумен зилотизам, односно нехристијанска ревност во христијанските конфесии, ревност што заслепена од омразата кон другиот е спремна на палење Библии, цркви, а не дај Боже и луѓе..

Објавава нема за цел и нема да дозволам да биде употребена за напаѓање на оние што поттикнуваат кон вакво нешто или оние што го извршиле ова нешто, туку е тука да се вразумиме и покаеме, а притоа да останеме на Христовите зборови „Прости им Господе, не знаат што прават“.

Господи помилуј.

Фејсбук-статус на Филип Иванов, пастор на Евангелска црква во Велес

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Трагичната судбина на Ипче Ахмедовски: Беше на патот кон светска слава, со песна ја претчувствува смртта

И по повеќе од две и пол децении од неговата смрт, се’ уште се свежи сеќавањата за пејачот со македонско потекло Ипче Ахмедовски. Помалиот брат на легендарниот Јашар Ахмедовски загина во 1994 година во сообраќајна несреќа. Имаше само 28 години. Со девојка му Злата наголемо ја планираа свадбата кога се […]