fbpx

Трагичната судбина на Ипче Ахмедовски: Беше на патот кон светска слава, со песна ја претчувствува смртта

И по повеќе од две и пол децении од неговата смрт, се’ уште се свежи сеќавањата за пејачот со македонско потекло Ипче Ахмедовски.

Помалиот брат на легендарниот Јашар Ахмедовски загина во 1994 година во сообраќајна несреќа. Имаше само 28 години.

Со девојка му Злата наголемо ја планираа свадбата кога се случи трагедијата.

Ипче остана запаметен по неговата извонредна енергија, но и по кристално чистиот и моќен глас. За осум години, колку што траеше неговата професионална кариера, сними четири албуми, од кои три во соработка со Новица Урошевиќ со кој стекна огромна популарност ширум Југославија.

Неговиот брат Јашар во едно интервју нагласи дека Ипче ќе беше еден од најголемите пејачи на поп-сцената денес.

„Долго време не можев да ги слушам неговите песни. Неговата смрт не’ вознемири сите. Голема трагедија. Едвај се опоравив, но ќе жалам додека сум жив“, изјави Јашар.

По смртта на Ипче, фановите пишуваа дека како да ја претчувствувал несреќата. Една година пред смртта, за албумот „Циганске душе“ ја снимил песната „Кад нестанем једног дана“.

Фото: Принтскрин Јутјуб

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Доцна стана мајка, лавовски се бореше за синот: Потресно сведоштво за Мара Попара

Многу генерации денеска ги вознемири информацијата за смртта на македонската театарска, филмска и телевизиска глумица Катерина Крстева. Славната Мара Попара јавноста ја познаваше како исклучително позитивна и секогаш насмеана личност, но животот воопшто не ѝ бил песна. Нејзиниот колега од култното радиошоу „Хихирику“, актерот Гоце Тодоровски, открива дека Катерина си […]