fbpx

Тажна ноќ во Прилеп, длабоко сочуство до семејството: Сите се простуваат од Илија

Сериозна загуба

Во Прилеп почина познатиот историчар на уметност Илија Велкоски-Ѕаната.

Тажната вест ја споделија администраторите на фејсбук-страницата на градската библиотека „Борка Талески.

„Велкоски беше ерудит во својата област, целиот свој работен век го посвети на промоција, создавање, афирмација и развој на културата во Прилеп и пошироко.

Беше долгогодишен директор на „Завод и Музеј“-Прилеп, а со успех ја извршуваме и функцијата директор на центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. Ќе остане запаметен како исклучителен познавач на културното наследство на Прилеп и Македонија“, пишува во објавата.

„Покрај професионалната реализација, Велкоски имаше активен општествено-политички ангажман. Последните години од својот живот ја извршуваше функцијата претседател на општинската организација на Сојуз на борци-Прилеп, како познавач и почитувач на историјата и традициите од НОБ.

Илија Велкоски-Ѕаната беше долгогодишен соработник на градската библиотека „Борка Талески“-Прилеп. Секогаш активно се вклучуваше со свои излагања при одбележување на значајни културно-историски датуми во организација на нашата установа. Неговата приватна раритетна библиотечна збирка е забележана и во книгата „Семејните библиотеки во Прилеп“.

Неговото заминување е сериозна загуба за општествениот и културен живот на градот. Вработените во библиотеката изразуваат длабоко сочувство до семејството. Почит и вечна слава!“, завршува посветата за Велкоски.

Следни Објави

Хари ја затекнал на подот расплакана во грч: Објавена е преписката поради кој Кејт и Меган „завојувале“

Нов скандал го тресе кралското семејство Долгоочекуваните мемоари на принцот Хари конечно се пуштени во продажба, а јавноста дознава за бројни досега неоткриени детали од животот на членовите на најпознатото кралско семејство. Меѓу другото, по објавувањето на книгата Spare сега конечно се познати повеќе поединости за кавгата помеѓу Меган Маркл […]