fbpx

Хари ја затекнал на подот расплакана во грч: Објавена е преписката поради кој Кејт и Меган „завојувале“

Нов скандал го тресе кралското семејство

Долгоочекуваните мемоари на принцот Хари конечно се пуштени во продажба, а јавноста дознава за бројни досега неоткриени детали од животот на членовите на најпознатото кралско семејство.

Меѓу другото, по објавувањето на книгата Spare сега конечно се познати повеќе поединости за кавгата помеѓу Меган Маркл и принцезата Кејт Мидлтон.

Ова е првпат Хари да ја обелодени својата вистина за извиканиот фустан за деверуши поради кој неговата внука, принцезата Шарлот, плачела кога го пробувала дома во очи на неговата венчавка со Меган.

Зборувајќи за седумгодишната Шарлот, тој ја повреди нејзината приватност, па ова сигурно дополнително ќе го разлути неговиот брат, принцот Вилијам. Хари инсистира на тоа дека целиот инцидент го предизвикала снаа му Кејт. Несогласувањата меѓу неа и Меган дополнително се вжештиле кога Кејт одбила да го посети кројачот на Меган во Кенсингтонската палата.

Според тврдењата на Хари, неговата сопруга добила порака од Кејт на четири дена пред венчавката во која напишала дека постои проблем со фустаните за деверуши и дека треба да се заменат. Биле сошиени по француски терк, според претходно земени мерки и без пробувања, па можеби и не бил шокот толку голем што можеби некому не му прилегале совршено.

„Мег не ѝ одговори веднаш на Кејт. Да, доби бесконечни пораки поврзани со венчавката, но главно беше фокусирана на хаосот кој настана поради нејзиниот татко. И така, следното утро ѝ прати порака на Кејт дека нашиот кројач е во палатата и дека името му е Еј Џеј. Но, тоа не беше доволно“, пишува Хари.

„Фустанчето за Шарлот е преголемо, предолго, прешироко. Плачеше кога го пробуваше дома“, ѝ напишала Кејт на Меган.

„Точно, ти реков дека кројачот ве чека од осум наутро. Во палатата. Можеш ли да ја однесеш Шарлот да го преправат, како што тоа го прават другите мајки“, бил одговорот на Меган.

Според верзијата на Хари за настаните, Кејт одговорила: „Па, сите фустани треба да се корегираат. Разговарав со мојот дизајнер и тој се согласи“.

Мег ја прашала Кејт дали е свесна што моментално се случува со нејзиниот татко, а таа ѝ одговорила позитивно, но дека фустаните се навистина важни, тврди Хари. Потоа Меган уште еднаш ја упатила кај нејзиниот кројач, на што Кејт само кратко одговорила: „Добро!“.

Кога Хари стигнал дома по нивното допишување, Меган ја затекнал на подот во грч и плач. Како што вели, иако бил вџашен кога ја затекнал вознемирена, не мислел дека тоа е катастрофа бидејќи сметал дека се во прашање емоции и дека Меган не мислела ништо лошо за Кејт. Вели дека за ова најдобро покажува и фактот што тогашната војвотка од Кембриџ следното утро се појавила на нивната врата со цвеќе и со честитка за да ѝ се извини на Меган.

Хари пишува дека Линдзи, најдобрата пријателка на Меган, била во кујната кога Кејт се појавила кај нив и дека токму таа може да докаже кој кого навистина расплакал после толку многу различни верзии за овој немил настан кој долго се провлекуваше во британските таблоиди.

Прво се тврдеше дека Меган ја расплакала Кејт, но Меган во интервјуто со Опра Винфри конечно ја кажа нејзината верзија на приказната.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Милена дала празно плико на свадба: Немав пари, еве како ме казнија младенците..

Сега е сè готово.. Постојано на социјалните мрежи се споделуваат искуства за празни пликоа на свадби, појава која, за жал, е се’ почеста денес. Слична приказна има и 27-годишната Милена С. која одлучи јавно да ја обелодени. „Кога се запишав да студирам, никогаш не ми остануваа пари на крајот од […]