fbpx

Милена дала празно плико на свадба: Немав пари, еве како ме казнија младенците..

Сега е сè готово..

Постојано на социјалните мрежи се споделуваат искуства за празни пликоа на свадби, појава која, за жал, е се’ почеста денес.

Слична приказна има и 27-годишната Милена С. која одлучи јавно да ја обелодени.

„Кога се запишав да студирам, никогаш не ми остануваа пари на крајот од месецот. Сметките, родендените, подароците.. секогаш ги планирав со месеци однапред, а тогаш колега од факултет одлучи да се жени. Сакав да се извлечам, да не одам, но настојуваше. И сестра ми запиша факултет тогаш, беше мизерно. Не можев да им плачам на моите, а и ми беше срам да се позајмувам“, ја почнува својата исповед оваа млада девојка.

Сепак, одлучила да позајми пари од блиска другарка со која биле заедно на свадба, па таа носела плико, а другарката требала да понесе пари. Кога фатиле такси и тргнале кон хотелот, таа ѝ рекла дека ги заборавила дома.

Со оглед на тоа дека пликото било потпишано, од тогаш пријателите никогаш повеќе не ја исконтактирале, иако сакала да се објасни и да им купи вистински подарок.

Дали требаше да одам со празни раце? Не знам, не сум паметна. Сега е се’ готово. Знам само дека еднаш кога не отидов на свадба, другарка ми смртно ми се налути, па повеќе не се дружиме. Но, ете, и кога ќе се оди, излегува истиот проблем“, завршува Милена.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Пресврт: Нови сведоштва за Мара Попара, и нејзината сестра конечно се огласи

Откако пензионираната актерка Стојна Костовска им порача на колегите од МНТ да се засрамат, од театарот се огласија со остра реакција Не престануваат реакциите во јавноста по смртта на легендарната македонска актерка Катерина Крстева која почина пред два дена. Откако актерот Гоце Тодоровски, инаку нејзин колега од култното радиошоу „Хихирику“, […]