fbpx

Една работа е особено важна: На Василица направете го ОВА!

На први јануари според стариот календар, односно на 14 јануари според новиот, македонскиот народ празнува Василица.

На овој ден верниците кршат и пита со паричка и се верува дека на оној кој ќе му се падне ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат, а домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави.

Се гледа и времето. Ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна. Сувото време носи суша.

На овој ден никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз.

Следни Објави

Софија се шокирала по породувањето: Ѝ дале торбичка, внатре се криело нешто неочекувано (ВИДЕО)

Вакво нешто воопшто не очекувала Една мајка на „Тик Ток“ објави видео во кое раскажа за својата несекојдневна приказна. Пред да го напушти гинеколошкото одделение каде што се породила, Софија добила интересен подарок-брендиран несесер на Шанел. Како што објаснува на снимката, подарокот заборавила да го отвори во болницата, па тоа […]