fbpx

Четири пати се мажеше, смртта на синот ја уништи: Бурниот живот на ќерката на Елвис

На 54 години почина Лиса Мари Присли, единственото дете на легендарниот Елвис, кралот на рокенролот.

Сајтот ТМЗ објави дека американската пејачка и авторка била пронајдена во бессознание во спалната соба во својот дом во Калабасас, Калифорнија.

Нејзината мајка, познатата актерка Присила Присли, не ја наведе причината за смртта, иако американските медиуми објавија дека имала срцев удар.

„Со тешко срце морам да ја споделам со вас страшната вест. Мојата преубава ќерка не’ напушти“, соопшти таа.

Лиса ја наследи љубовта кон музиката од својот славен татко. Издаде три албуми, но медиумите отсекогаш повеќе се интересираа за нејзиниот бурен живот. Се мажеше дури четири пати, а првпат застана пред олтар со музичарот Дени Кју во 1988 година.

Во бракот кој траеше шест години доби две деца-ќерката Рајли која денес се бави со глума и синот Бенџамин кој се самоуби пред две години. Подоцна призна дека по оваа трагедија комплетно се срушила.

„Оваа грозна тага која ми го уништи срцето и ми ја изеде душата комплетно ме проголта“, напишаа таа на својот инстаграм-профил.

Само 20 дена по разводот со Дени, се омажи за Мајкл Џексон. Очекувано, овој брак беше топ-тема во медиумите. „Ќерката на кралот на рокенролот се заколна на вечна љубов со кралот на попот“, одекна низ целиот свет.

Во тој период Лиса му беше најголема емотивна поддршка на Мајкл кој се соочуваше со сериозни обвинувања за педофилија, но и овој брак не успеа.

Во 2000 година на забава го запозна Николас Кејџ и две години подоцна се омажи со него. Истата година холивудскиот актер поднесе документи за развод.

Ќерката на Елвис по четврти пат се омажи во 2006 година за гитаристот и музички продуцент Мајкл Локвуд. Нејзиниот прв сопруг, Дени Кју, беше кум на оваа венчавка која се одржа во Јапонија. Две години подоцна роди близнаци, но по една деценија и од овој маж се разведе.

По разидувањето, Лиса Мари поднесе барање за самостојно старателство, тврдејќи дека во компјутерот на поранешниот сопруг пронашла стотици фотографии и видеа со детска порнографија.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Чудна снимка од фронтот: Дрон погоди украински војник, тој се израдува (ВИДЕО)

Оригинална испорака За жал, веќе се навикнавме да гледаме се’ повеќе снимки од дронови на воените жаришта во Украина на кои истите испуштаат гранати на војниците по рововите. Најчесто тие видеа се исклучително потресни и истите имаат трагичен крај. Но, очигледно дроновите понекогаш се користат и за испорака на далеку […]