fbpx

Чудна снимка од фронтот: Дрон погоди украински војник, тој се израдува (ВИДЕО)

Оригинална испорака

За жал, веќе се навикнавме да гледаме се’ повеќе снимки од дронови на воените жаришта во Украина на кои истите испуштаат гранати на војниците по рововите.

Најчесто тие видеа се исклучително потресни и истите имаат трагичен крај.

Но, очигледно дроновите понекогаш се користат и за испорака на далеку понеопасен и помалку експлозивен товар, како на пример тегла со шеќер, на шега коментираат „твитерџиите.

Токму ова го снимија Украинците кога на војниците во рововите им испорачаа нешто за заблажување.

Не е познато каде точно настанало ова видео, а осамна на најпознатиот украински твитер-профил Nexta TV.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Прерано нè напушти: Тања, почивај во мир!

Солзи и неверување Уште еден живот прерано згасна. Тажната вест ја соопшти Форумот на жени СДСМ Охрид. Почина Тања Танеска. „Со искрено жалење денес ја примивме веста за прераната смрт на нашата сопартијка и борец за правда. Упатуваме сочувство до семејството. Бог да ја прости, нека почива во мир“, стои […]