fbpx

Вие кои боцкате урбазон кај мали деца треба да ви биде срам! Јовановски удри по колегите

Утрово ми стигнува прашање во приватна порака од моја блиска роднина, која претходната ноќ поради покачена телесна температура ја носела својата тригодишна ќерка на лекар.

Прашањето се однесуваше на тоа која е инјекцијата која детето ја добило за покачената температура (максималната температура била 39,2). Крвната слика и другите инфективни параметри биле мирни. Изговорт за терапијата бил “да не качи детето пак температура”. А зошто да не качи? Што ќе се случи побогу ако мало дете има покачена температура?

Веќе некои и претпоставувате, детето е боцнато ампула Лемод (Урбазон) – кортикостероиден препарат со брзо и силно имуномодулаторно и имуносупресивно дејство. И тоа е точно, детето нема пак да ја покачи својата температура. А знаете зошто? Затоа што со помош на овој препарат се “блокира” клеточната комуникација во рамките на нашиот имун систем, па така наместо организмот да добива сигнал дека нешто во него се случува, тој останува “нем” и не ја покачува телесната температура која е единствениот одбрамбен механизам да се спречи размножување на актуелниот вирус и истовремено да се овозможи “зреење” на детскиот имун систем.

Со урбазонот вие можеби ќе спиете мирно сега, ама во наредниот период вашето дете ќе биде изложено на почести инфекции, одложено созревање на имуниот систем и со огромен ризик за сериозни компликации со бактериски инфекции поради имуносупресивното дејство.

Драги колеги, сите вие кои боцкате урбазон кај мали деца поради покачена телесна температура не постапувате “lege artis” и треба да ви биде срам од таа постапка.

Драги мајки, покачена температура на дете се намалува со антипиретици (парацетамол и ибупрофен) и со физички методи на ладење на телото. Немојте заради паника да вршите притисок врз лекарот и да инсистирате на лекови кои се опасни за вашето дете. Во суштина, лекар кој ќе подлегне на вашиот притисок веднаш сменете го, зошто уцена од пациенти и исполнување на нивните желби не е медицина базирана на докази.

На крај ќе заборавев, во некои земји за користење на кортикостероид без индикација се сносат последици!

Фејсбук-статус на Александар Јовановски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Четири пати се мажеше, смртта на синот ја уништи: Бурниот живот на ќерката на Елвис

На 54 години почина Лиса Мари Присли, единственото дете на легендарниот Елвис, кралот на рокенролот. Сајтот ТМЗ објави дека американската пејачка и авторка била пронајдена во бессознание во спалната соба во својот дом во Калабасас, Калифорнија. Нејзината мајка, познатата актерка Присила Присли, не ја наведе причината за смртта, иако американските […]