fbpx

Михаил се симнал во подрумот по компир, умрел во истиот миг: По него починало целото семејство

Невидена трагедија! Само малата Марија прежиевала, ја спасило чудо

Професорот по право, 42-годишниот Михаил, еден убав ден пошол по компир во визбата за неговата сопруга да приготви ручек, но од неа не се вратил.

Несреќниот човек се онесвестил од гасот кој компирот го испуштал и набрзо умрел. Причината за смртта бил токму компирот кој содржел гликокалоиди кои се токсични за луѓето. Како овој зеленчук скапувал, така концентрацијата на гликокалоидите растела, а потоа се претворила во смртоносен гас.

За трагедијата да биде уште поголема, починале и речиси сите од неговото семејство кои тргнале по него во подрумот. Сопругата Анастасија сфатила дека Михаил го нема веќе подолго време, па тргнала по него и се случило истото. Нивниот постар син Георги (18) исто така останал предолго во визбата, како и баба му Ираида (68).

Од целото семејството жива останала само малата Марија, бидејќи вратата каде бил оставен компирот останала отворена, па во меѓувреме гасот испарил.

Оваа трагедија се случила во Русија во 2013 година, но поради бизарните околности под кои страдало целото семејство сега е повторно актуелна на социјалните мрежи како опомена за тоа колку компирот може да биде опасен по живот.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Огромна тага! Ненадејно почина познатата новинарка

Публиката ќе ја памети по ведриот дух На 51 година ненадејно почина новинарката Едина Џемиџиќ Шукало. Беше водителка на Калман радио, го уредуваше и порталот „Естрадњаци“, а работеше и во ТВ Алфа, јавуваат босанските медиуми. Публиката ќе ја памети по ведриот дух. „Секогаш насмеана, беше една од најинформираните новинарки кај […]