fbpx

Во 90-тите беше најдобрата пејачка на овие простори: Се разведе, се пропи, а потоа се препороди

Денес изгледа сосема поинаку, комплетно му се посвети на семејството и ретко се појавува на јавни настани. Мирот го пронајде на село 

Пред само две децении беше една од најпопуларните пејачки во регионов. Сите зборуваа за визуелниот идентитет со кој се наметна на сцената, со чувството за естетика поместуваше граници на естрадата, а потоа преку ноќ се повлече.

Сите се сеќаваме на хитот „Годинама“ кој го сними во дует со Дино Мерлин, но, потоа мистериозно исчезна.

Хрватската пејачка Ивана Банфиќ низ годините многу се промени.

Ѝ се случи спонтан абортус, развод, навлекување на алкохол и долг период на рехабилитација.

Лошо го прифати и разводот во 2005 година со својот поранешен менаџер Роберт Магиќ, па се оддаде на алкохол и неколкупати заврши на клиниката за лекување од зависности.

Откако се избори со пороците, во животот ѝ се појави нова љубов. Пејачката по вторпат стапи во брак со ТВ-продуцент Круне Ладисиќ.

По еден спонтан абортус, конечно ѝ се оствари сонот да се реализира како мајка.

„Се плашев да не го доживеам истото сценарио. Но, ете, фала му на Бога, жив е и здрав, среќен и весел. Благодарна сум на овој голем подарок“, изјави таа во една прилика.

Токму синот Јан беше причината да се повлече од јавноста.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

ХОРОР! Направила селфи да се пофали на „Инстаграм“, сликала трагедија што ќе ја памети дур е жива

Страшно! Една туристка уживала во капењето, а на само неколку метри од неа се одвивал вистински хорор. На едно од најегзотичните одморалишта во светот, водопадите Макензи во Австралија, Русинката Анека Бадинг пред три години сакала да направи селфи, не насетувајќи дека токму тој момент ќе ја прогонува цел живот. Насмевката […]