Погледнете сами, оваа жена навистина нема милост
Кога се зад воланот, често се случува луѓето да изгубат трпение, но на оваа жена ептен ѝ се споија жиците.
Инцидентот се случил во раните утрински саати на една бензиска пумпа во Ирска.
На снимката се гледа како со сребрена тојота прво се забива во црниот форд паркиран пред неа, исто така управуван од жена, а потоа излегува од возилото и почнува хистерично да ѝ се дере, пред да фрли лименка сок на шофершајбната.
„Ти, ужасна ку*во“, ѝ довикува во еден момент.
Инцидентот предизвика лавина коментари на „Твитер“. Дежурните сеирџии и овојпат добро се забавуваа.
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО