fbpx

Навивачка тргна кон обезбедувањето: Тепачката доби бизарен пресврт (ВИДЕО)

Ваков хаос никој не очекуваше

Една снимка стана вирална. Причината? Малку „тверкање“ над главите на двајца обезбедувачи.

На видеото, снимено по натпревар на НЛФ тимот Канзас Сити Чифс во ноември минатата година, е документирана жестока улична тепачка. Не е познато кој ја иницирал истата, но јасно се гледа како двајца обезбедувачи мака мачат со момче во хокеашки дрес.

Во еден момент некој се дере: „Каде е полицијата?“, а подоцна се појавува жена во минич и со кожна јакна која наеднаш почнува да врти со задникот пред чуварите.

Обезбедувањето баш во тој момент успева да го совлада натрапникот, но вниманието им го одвлекува потегот на непознатата жена.

Снимената содржина завршува така што жената вика над мажот со дресот: „Сите дојдовте поради мене!“.

„Како и многумина, го погледнав видеото со насилни поединци кои се тепаат со обезбедувањето. Нашите служби работат на случајот и сигурно дека оние кои го предизвикаа овој неред на нашите улици ќе бидат соочени со лицето на правдата“, порача градоначалникот Квинтан Лукас на својот твитер-профил.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Драган пошол во градината и занемел: Од каде сега ова?! Се верува дека е лош знак

На изненадувањата им нема крај кога се овошките во прашање Откако неодамна процветаа малините и покрај тоа што календарски длабоко сме навлезени во зимата, сега се појавија и цветните пупки кај кајсиите како пролетта да е во полн ек. „Иако од година во година имаме се’ потопли зими, никогаш се […]