fbpx

Пресврт! Нови детали за исчезнатата Ана, сега сите зборуваат за ОВАА фотографија

Случајот не престанува да ја интригира јавноста

Веќе 17 дена трае мистеријата околу исчезнувањето на Ана Волш, мајка на три сина, инаку омажена за Американецот Брајан од Бостон.

Повеќе од две недели трае потрагата по 39-годишната Србинка, вработена во една агенција за недвижнини.

Младата жена како да пропадна во земја, а интересот на американската, но и на јавноста во регионов за нејзината судбина расте се’ повеќе со секој нареден ден и со секоја наредна информација поврзана со нејзината приватност.

Од нејзиното исчезнување во новогодишната ноќ до сега се објавија многу лични фотографии и видеа. Од сите слики, јавноста најмногу се заинтересира за онаа која Ана ја објавила пред речиси еден месец, а на која позира со нејзин пријател.

Како што велат нејзините следбеници, забележале важен детаљ токму на оваа фотографија.

„Бурмата не ја вадеше од рака, дури и на сликите од теретана, но од неодамна магично ја снема“, коментира една корисничка на „Фејсбук“.

„Ако ги почитува српските обичаи, бурмата ќе ја носи на десната рака“, напиша друга.

Повеќето се Американци кои забележаа дека на левата рака го нема венчалниот прстен.

Тие објавија и слика на која се гледа на која рака ја носи бурмата, а која можете да ја погледнете во продолжение.

Во меѓувреме, блиска пријателка на Ана Волш даде мрачно предвидување за тоа каде се наоѓа таа две недели откако ѝ се изгуби секаква трага.

„Шансата да е жива е една во милион. Знам колку беше независна и би пронашла начин да допре до луѓето доколку нешто ѝ се случило”, коментира Наташа Скај.

Инаку, по изчезнувањето на Ана, сите очи се вперени кон нејзиниот сопруг како ппотенцијален осомничен. Поранешни соседи на двојката обелоденија дека нивниот однос последниов период бил исклучително проблематичен.

Порталот „Бостон 25“ потсети дека во 2014 година Ана пријавила дека Брајан ѝ се заканувал дека ќе ја убие, иако потоа се омажила за него, а во 2018 година објавила слика со модринка на нејзиното лице што можеби зборува за насилната природа на нејзиниот сопруг.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Навивачка тргна кон обезбедувањето: Тепачката доби бизарен пресврт (ВИДЕО)

Ваков хаос никој не очекуваше Една снимка стана вирална. Причината? Малку „тверкање“ над главите на двајца обезбедувачи. На видеото, снимено по натпревар на НЛФ тимот Канзас Сити Чифс во ноември минатата година, е документирана жестока улична тепачка. Не е познато кој ја иницирал истата, но јасно се гледа како двајца […]