fbpx

Сопругата на Милан Калиниќ е како модел: Заедно се 17 години, погледнете ја оваа убавица во бикини

Популарниот водител и актер има со што да се гордее

Милан Калиниќ веќе 17 години е во хармоничен брак со Сандра која мора да признаеме дека изгледа како од списание.

Со право важи за една од најубавите и најнегуваните жени во Србија, а јавноста особено ѝ се воодушевува на фотографиите во бикини кои често ги споделува на „Инстаграм“.

„Мојата сопруга лани наполни четириесет години, заедно сме скоро две децении. Свесен сум дека е „риба и пол“. Каде и да се појавиме, таа е или најубава или меѓу трите најатрактивни. Вистинскиот маж кој е сигурен во себе, а пред се’ оној кој ја сака својата сопруга, тоа само може да го импресионира“, изјави Милан во едно интервју.

И оваа позната двојка имаше кризни моменти. Пред неколку години медиумите наголемо пишуваа дека Сандра го изневерувала Милан со сопственик на еден познат белградски клуб. Подоцна, пак, таа му беше голема поддршка кога актерот предизвика сообраќајна несреќа. Овие инциденти уште повеќе им ја зацврстија врската, коментираат нивни блиски пријатели.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Пресврт! Нови детали за исчезнатата Ана, сега сите зборуваат за ОВАА фотографија

Случајот не престанува да ја интригира јавноста Веќе 17 дена трае мистеријата околу исчезнувањето на Ана Волш, мајка на три сина, инаку омажена за Американецот Брајан од Бостон. Повеќе од две недели трае потрагата по 39-годишната Србинка, вработена во една агенција за недвижнини. Младата жена како да пропадна во земја, […]