fbpx

МАЈКА на храброста! Јелена одби лекување да го роди Никола, почина по 40 дена: Вака денес изгледа нејзиниот син (ФОТО)

Тажната животна приказна на Јелена Трикиќ од Дрвар која почина во 2012 година пвторно е актуелна во медиумите.

Таа одби лекување со силни цитостатици на тумор на мозок за да се реализира како мајка.

Иако болна, роди здраво бебе, на овој свет го донесе синот Никола. Почина по 40 дена, а целиот регион ја препознава како Мајка на храброста.

Фондацијата „За живот“ во Бања Лука дури иницираше пред тамошниот Клинички центар да биде поставена биста во нејзина чест.

„Се сеќавам, беше Ѓуговден кога дојдоа кај нас. Тогаш ми кажа дека е бремена, дека ќе станам баба. Бев среќна. Кога остана трудна, беше комплетно здрава. Дури во шестиот месец од бременоста почнаа нејзините здравствени проблеми“, раскажа Милкица, мајката на Јелена.

Тогаш забележале дека нешто не е во ред. Била малаксана и постојано спиела.

„Кога ни ја соопштија дијагнозата, ни кажаа дека апсолутно нема никаква надеж“, со кнедла во грлото се присетува Горан, сопругот на Јелена.

Лекарите ѝ предложиле терапија со зрачење за да ја спасат, но ќе морала да се откаже од бебето.

„Јелена врзана за кревет категорично ги одби. Не сакаше да ја прифати реалноста, не сакаше да се откаже од нашето дете. Здравствените работници се чудеа како воопшто е свесна“, раскажа нејзината мајка.

Морала предвреме да се породи и така и се случило.

„Се роди Никола. Таа му го даде името, бидејќи се имаше заколнето пред иконата со Свети Никола дека ако роди син, ќе го носи тоа име“, открива нејзиниот сопруг.

Кога ѝ го донеле бебето, Јелена била пресреќна, како да немала никаква болест.

„Без оглед на песимизмот на лекарите, без оглед на прогнозите, верував во чудо. Дури кога умре, кога остана без здив, станав свесен дека останав без неа. Тоа што таа го направи е најголема жртва. Најголемата суштина на христијанството е да го дадеш животот за друг. Јелена почина 40 дена по породувањето“, раскажа Горан.

Никола денес има десет години. Вели дека многу му недостасува мајка му и дека секој ден црта во нејзина чест. Често црта како е таа со нив во куќата и како заедно си играат.

„Мојата мајка била најубава“, вели Никола.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Го фати сопругот со швалерка, направи скандал среде улица: Со камен го нападна, не може да поверува со кого ја изневерува (ВИДЕО)

Со денови главна тема на социјалните мрежи е овој неверен маж Случајни минувачи биле сведоци на вистинска љубовна драма која ескалирала со насилство. Инцидентот се случил во мексиканскиот град Сијудад Викторија пред Универзитетот Мигел Алеман, откако сопругата го фатила својот брачен партнер како ја изневерува. Швалерот бил угледен професор кој […]