fbpx

Тешка несреќа се случи: Три лица паднаа во река, две се удавија (ВИДЕО)

Три лица паднале во реката Трнавица во Нови Пазар. Едното е спасено, а за другите двајца се трага и се претпоставува дека се удавиле, информираат српските медиуми.

Екипи на полицијата и спасувачи се на терен, а се претпоставува дека трагедијата се случила откако непрекинато врнело повеќе од 12 часа, па водостојот на реките што течат низ Нови Пазар е исклучително висок. пишува „Нова“.

Во населбата Јерка веќе се излеа Рашка Река, а во Нови Пазар се’ уште врне дожд. Како што велат надлежните, очекуваат дополнително покачување на нивото на водата, особено поради обилните врнежи во Пештера.

Критично е во Сјеница, каде што во текот на ноќта се издигна Грабовица, поради што беа поплавени бројни делови од таа општина.

Претседателот на општината Муниб Мујагиќ ја опиша ситуацијата како хаотична.

„Огромен е бројот на ранливи домаќинства, цели населби и делови од градот се под вода. Поплавени се дворовите на Техничкото училиште и Гимназијата, поради што ја прекинавме наставата“, изјави Мујагиќ за „Прва“.

Илустрација: Твитер

Следни Објави

Собор на Свети Јован Крстител: Сите жени мора да го направат ова!

Утре е Собор на Свети Јован Крстител. Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Богојавление. Тоа е така затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус. Именден прославуваат Јовановци. Овој […]