fbpx

Се трага по сопругата на Зоран: Тело на бебе пронајдено во замрзнувач, нови детали за трагедијата

Луѓето се крстат, ова е страшно

Полицијата трага по поранешната сопруга на Зоран М. (62), кој синоќа пријавил дека во неговиот дом додека го чистел замрзнувачот во кеса пронашол замрзнато тело на бебе.

Се’ уште се утврдува колку месеци било старо детето и на кој начин страдало.

„Се трага по сопругата на Зоран М. која него и нивните три деца со кои живее во куќата во Земун ги напуштила минатата година. Тој изјави дека не знае каде се наоѓа неговата поранешна жена и дека ја нема видено откако заминала“, вели извор од полицијата кој не сака да открие дали таа е осомничена.

„Полицијата ми зеде ДНК да го утврди татковството. Само јас и таа имавме пристап до замрзнувачот, децата никогаш не се симнуваа долу“, вели Зоран за српски „Курир“.

Според неговите зборови, таа не била бремена, а нивното најмало дете има пет години.

„Имаше проблеми, колку што јас знам не беше бремена. Воопшто не ми е јасно како ова се случило“, вели тој.

Според неофицијални информации, З.М. ѝ кажал на полицијата дека на местото на злосторството се доселил неодамна и дека телото на новороденчето го пронашол на дното од замрзнувачот.

Заменикот на српскиот Јавен обвинител дал наредба да се направи обдукција која треба да покаже колку било старо бебето и на кој начин починало.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Вера се пофали: Учителот ми плаќа 1.200 евра да ме гледа во долна облека! (ФОТО)

Ми рече дека нема да постигнам ништо во животот, а сега ми дава пари, открива таа Згодната манекенка одлучи да ја сподели својата интересна животна приказна која стана хит во медиумите. Вера Дајкманс, 22-годишен холандски модел, одлучи да отвори профил на сајтот за возрасни „Онли Фенс“. Како и сите девојки […]