fbpx

Малечко мое! Антониа Гиговска е бремена, младата пејачка го покажа идниот сопруг

На својот 22-ри роденден, популарната македонска пејачка која се прослави во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ сподели радосна вест.

Антониа Гиговска е бремена, а на фановите им откри и дека се верила.

„Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое! Отсега, секој мој роденден ќе го славиме заедно“, напиша таа на „Инстаграм“.

„Нека ми е среќен роденденот, погодете кој ќе стане мајка. Инаку, прстенот го бирал сам, умирам од среќа.. Си славам роденден, бепче, прстен, се’..“, ја завршува Гиговска објавата.

Јавноста речиси и да не знае ништо за нејзиниот иден сопруг, освен дека музиката и нему му е животна определба.

Претходно, Антониа неколку години беше во врска со колегата Иван од „Либеро бенд“.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

Остана бремена од блискиот другар на поранешното момче: Кој е идниот сопруг на Антониа Гиговска?

Само неколку месеци откако ја прекина долгогодишната врска со колегата Иван Јованов од „Либеро бенд“, младата македонска пејачка Антониа Гиговска ги шокира фановите со информацијата дека е бремена и дека ќе се мажи. Она што сите го коментираат на социјалните мрежи е нејзиниот нов избраник. Станува збор за младиот музичар […]