fbpx

Остана бремена од блискиот другар на поранешното момче: Кој е идниот сопруг на Антониа Гиговска?

Само неколку месеци откако ја прекина долгогодишната врска со колегата Иван Јованов од „Либеро бенд“, младата македонска пејачка Антониа Гиговска ги шокира фановите со информацијата дека е бремена и дека ќе се мажи.

Она што сите го коментираат на социјалните мрежи е нејзиниот нов избраник.

Станува збор за младиот музичар Роберт Спасенцовски кој, ако судиме по нивните заеднички фотографии на „Инстаграм“, и тоа како бил близок со поранешното момче на Антониа.

Атрактивната и исклучително талентирана Антониа која се прослави во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ откри дека ќе стане мајка на нејзиниот 22-ри роденден.

„Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое! Отсега, секој мој роденден ќе го славиме заедно“, напиша таа на „Инстаграм“.

„Нека ми е среќен роденденот, погодете кој ќе стане мајка. Инаку, прстенот го бирал сам, умирам од среќа.. Си славам роденден, бепче, прстен, се’..“, ја дополни Гиговска објавата.

Антониа е актуелна со синглот „Хабиби“ кој го сними со Христијан Настески-Пајак. Песната ужива огромна популарност меѓу младата публика, а танцот од видеозаписот преку ноќ стана тренд меѓу македонските тиктокери.

Следни Објави

Страшни детали: Две жени пронајдени мртви, на главата имале перници

Тела на две жени денеска се пронајдени во стан во белградската населба Бежанијска Коса, информираат српските медиуми. Полицијата затекнала траги од крв, а врз главата и на двете жртвите имало перница. Станарите и управителот на зградата во која се случила трагедијата велат дека се згрозени од глетката. Според првите информации, […]