fbpx

Вакво запросување не сте виделе: По Антониа, уште еден наш познат пејач најави свадба

Доста време ерген одев, напиша Апостоловски под видеото што го објави на социјалните мрежи

Македонскиот пејач, автор и музичар Виктор Апостоловски вечерва пријатно ги изненади фановите.

Талентираниот битолчанец кој се прослави во шоуто „Идол“ на мошне симпатичен начин ја побара за жена девојката Милена Доневска.

Херојот од несудениот евровизиски хит „Супермен“ ја запроси саканата во Истанбул. Додека таа се подготвуваше да му позира свртена со грб, тој го извади прстенот, клекна и веќе претпоставувате што следуваше.

Честитки! Нека им е со среќа!

Следни Објави

Победи во „Икс фактор“, доби дете, се разведе, а сега повторно стапи во брак (ФОТО)

Македонскиот пејач повторно се заколна на вечна љубов Даниел Кајмакоски кој се прослави по победата во регионалното музичко шоу „Икс фактор“, минатата година сподели неколку фотографии со новата девојка, а сега на своите следбеници на „Инстаграм“ им откри дека врската е официјализирана. Јавноста не знае речиси ништо за неговата нова […]