fbpx

Доби дете со мисица, се разведе, а сега повторно се ожени: Пејачот објави слики од венчавката

Победникот на регионалните музички шоуа „Икс фактор“ и „Твоето лице звучи познато“ ги објави првите фотографии од венчавката

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски вчера пријатно ги изненади фановите откако на „стори“ на „Инстаграм“ откри дека вторпат се заколнал на вечна љубов, а веќе денеска преку неколку слики одблиску ни го долови свечениот настан.

На својата избраничка, за која јавноста не знае речиси ништо, повторно ѝ упати емотивни зборови кои ги разнежнија фановите.

„Те сакам, не само поради тоа што си, туку и поради тоа што сум јас кога сум со тебе“, ѝ напиша на саканата.

На Кајмакоски, кој своевремено не’ претставуваше и на „Евросонг“, многумина му предвидуваа блескава кариера, но кога публиката најмногу очекуваше од него тој одлучи да му се посвети на приватниот живот.

Се ожени со манекенката и пејачка Кристина Димитријевска, го добија синот Давид, но љубовта кратко им траеше.

Разидувањето им беше скандалозно, барем така пишуваа медиумите.

„Јас сум и мајка и татко на мојот син“, изјави Димитријевска во едно интервју.

На прашање од новинарката во какви односи е со поранешниот сопруг, таа кратко порача дека не сака да се враќа во минатото и дека има други многу поубави работи за кои може да се зборува.

Ј.П.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Огромна тага! Пред десет дена му пукаа во глава, денеска почина

Почина поранешниот фудбалски репрезентативец Алмир Рашчиќ (48) кој пред десет дена беше тешко претепан и застрелан во главата во Горажде во источна Босна каде што живееше. Непознати напаѓачи на 13 јануари во очи на Стара Нова година, го сочекаа и нападнаа Рашчиќ пред станбената зграда во којашто живееше. Подоцна го […]