fbpx

Огромна тага! Пред десет дена му пукаа во глава, денеска почина

Почина поранешниот фудбалски репрезентативец Алмир Рашчиќ (48) кој пред десет дена беше тешко претепан и застрелан во главата во Горажде во источна Босна каде што живееше.

Непознати напаѓачи на 13 јануари во очи на Стара Нова година, го сочекаа и нападнаа Рашчиќ пред станбената зграда во којашто живееше. Подоцна го пронајде случаен минувач.

Истрагата покажа дека напаѓачите го претепале со палки, а потоа од непосредна близина му пукале во главата. Обвинителството нападот го третира како обид за убиство и се’ уште се трага по сторителите.

Рашчиќ беше пренесен во Клиничкиот центар во Сараево и таму во кома сместен на одделот на интензивна нега.

Алмир Рашчиќ во текот на играчката кариера настапуваше за Железничар, Вележ, Олимпик и хрватски Задар, а настапуваше и за селекцијата на БиХ.

Следни Објави

Македонија тагува, сите се простуваат од Боби: Беше гордост! (ФОТО)

Огромна загуба за сите нас Тажна вест споделија администраторите на фејсбук-страницата „Македонски лавови“. „Ги известуваме сите наши припадници и симпатизери дека почина Богољуб Кузмановски-БОБИ ДУРАК, наш бивши припадник, член на Кумановската чета на Лавовите. ВЕЧНА ТИ СЛАВА!“, напишаа тие. Под објавата се редат емотивни пораки со сочувство до семејството. „Почивај […]