fbpx

Си го промени личниот опис, а сега конечно е уапсена: Која е фаталната русокоса која украде милион евра?

Конечно е уапсена Мирнеса С., 42-годишната жена која е осомничена дека украла милион евра од компанијата во која работела.

Таа е приведена на аеродромот во Штутгарт откако, наводно, преку адвокат најавила дека сака да се предаде.

Германските медиуми пренесуваат дека атрактивната Босанка изгледала значително поинаку од фотографиите кои ги објавувала на социјалните мрежи.

Таа се товари за тешко кривично дело, дека во октомври минатата година украла милион евра додека работела во компанија која меѓу другото вршела и транспорт на пари во Штутгарт. Парите ги ставила во црна торба и исчезнала.

Полицијата понуди и награда од 37.500 евра за информација каде се наоѓа жената.

Жената која ја крена Германија на нозе по потекло е од селото Бусовача во Босна. Има брат близнак и сестра. Татко ѝ Исмет Бешлиќ починал минатата година.

Мештаните велат дека често го посетувала родното место и дека не се срамела од своите корени.

Следни Објави

Верувањата велат дека овие девојчиња се пратени од ангелите: Едно од НАЈУБАВИТЕ женски имиња кое сите го сакаат

Име со посебно значење Личностите кои го носат ова име се посветени и секогаш самостојно ги постигнуваат зацртаните цели. Ова име предизвикува смиреност и позитивни емоции. Додека е дете за нејзината мајка, таа е прекрасна асистентка, што прави сè што е потребно околу куќата. Децата со такво име често се […]