Се’ уште важи за една од најубавите жени на овие простори
Беше една од најпопуларните водителки и заштитно лице на телевизија „Пинк“, а се прослави во спотот на Тоше Прески за хитот „Во коси да ти спијам“.
Радмила Раденовиќ беше сон на секој маж и идеал за секоја жена, па дамите во тој период најмногу зборуваа токму за неа. Дури посетуваа и пластични хирурзи и инсистираа да наликуваат на неа, пишува „Србија данас“.
Публиката ја препознава по многу емисии, едно време го водеше и реалното шоу „Задруга“, а во 2018 година наеднаш се повлече од екраните.
Оние што ја познаваат велат дека максимално му се посветила на синот Петар кој денес има 11 години, а кој го доби, како што пишуваа медиумите, со тогаш оженетиот бизнисмен Дејан Милиќ кој од тој брак има уште две деца.
Судејќи по последните фотографии кои можат да се најдат од Рада на интернет, таа денеска изгледа уште поубаво.
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО