fbpx

Креација која остава без здив: Каролина допатува во Белград како светска ѕвезда (ФОТО)

Каролина Гочева вечерва настапи на најголемиот музички настан во регионот Music Awards Ceremony (MAC) во организација на „Скај мјузик“.

Нашата музичка ѕвезда ги воодушеви српските медиуми во Белградска арена.

На црвениот килим се појави во впечатлива проѕирна креација со изразено деколте и впечатлив накит.

И овојпат стајлингот ѝ го довери на модната блогерка и фотографка Јована Зука. Фустанот е креација на дизајнерката Јована Филиповиќ, а ѓерданот на Марјан Бебекоски.

Подоцна настапи и на главната сцена изведувајќи го повратничкиот поп-рефрен „Од небо до дно“.

За време на манифестацијата, Каролина даде неколку интервјуа. Новинарите главно се интересираа зошто одамна ја нема на српската сцена, но ја прашаа и за Тоше Проески.

„Да, често одам во Крушево. Блиску е до мојата родна Битола, па кога ми дозволуваат обврските знам да го поминам денот таму“, им изјави таа.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Животот ѝ удри многу шамари, лавовски се бореше за своето дете со попреченост

Трагедија! Почина самохраната мајка од Скопје за која сите се молевме Тажна вест во Македонија. Марија Манчева го напушти овој свет. Беше посебна мајка, мајка која правеше се’ за своето дете со попреченост, Теодор, кое боледува од Вест синдром. Мајка на која животот и удри многу шамари, но сепак се […]