fbpx

Животот ѝ удри многу шамари, лавовски се бореше за своето дете со попреченост

Трагедија! Почина самохраната мајка од Скопје за која сите се молевме

Тажна вест во Македонија. Марија Манчева го напушти овој свет.

Беше посебна мајка, мајка која правеше се’ за своето дете со попреченост, Теодор, кое боледува од Вест синдром. Мајка на која животот и удри многу шамари, но сепак се бореше до последен здив.

За ударот да биде уште поголем, на Марија ѝ се појави белодробен карцином за кој не постоеше операција, туку само третмани и хемотерапии кои можаа да ја спасат, кои можеа да ѝ помогнат да продолжи да живее.

Јавноста ја запозна преку апелите за помош. Можеби умеевме и повеќе да направиме. Да ѝ се најдеме.

Марија беше храбра жена, храбра мајка, но неа повеќе ја нема. Нејзиното чедо Теодор комплетно зависеше од неа и веројатно сега тешко може да продолжи сам. Се надеваме дека ќе заврши во сигурни раце.

Марија, нека ти е светол патот до вечноста!

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

ТАГА! Почина познатиот актер, на крајот од животот направи нешто неочекувано

Тажна вест На 62-годишна возраст почина популарниот американски актер Ленс Кервин. На телевизиските екрани се прослави уште како дете во култните остварувања James at 15, Salem’s Lot и The Loneliest Runner. Причината за смртта не е откриена, а тажната вест ја потврди неговата ќерка Савана. Како најмлад од петте деца […]