fbpx

Беше лудо вљубен во Брена: Почина познатиот актер, ОВАА нивна средба сè уште се прераскажува

Се прослави како Чаки во легендарниот филм „Хајде да се волимо“

Во Сараево денеска почина познатиот босански актер Александар Саша Петровиќ.

Тажната вест на „Фејсбук“ ја потврди режисерот Срѓан Вулетиќ.

Глумецот кој на големото платно беше лудо вљубен во Лепа Брена, последните 15 години не даваше интервјуа. Живееше повлечено, а последната средба со поранешната југословенска ѕвезда ја имаше пред шест години во едно босанско шоу.

„Сонував дека сум го сретнала некаде по автопат во Швајцарија. Сонував дека ќе го видам и верував дека повторно ќе се сретнеме“, изјави Брена по средбата со „Чоки“.

Тој, пак, во препознатлив манир ѝ реплицираше.

„Поради тебе имам проблеми, десет години те прогонувам. Не може ни ЦИА да ти влезе во траг“, ѝ порача тогаш.

Пред две години Петровиќ кој играше и во популарната серија „Луд, збунет, нормален“ се повлече од актерството поради сериозни здравствени проблеми.

Имаше 61 година.

Следни Објави

ШОКАНТНА СЦЕНА! Нови детали за смртта на ѕвездата од реалното шоу, ова е ВОЗНЕМИРУВАЧКО!

Нејзината ненадејна смрт го потресе светот Натпреварувачката во реалното шоу „Голи и исплашени“, Мелани Раушер, пред шест месеци почина под мистериозни околности во Аризона. Оваа 35-годишна жена која беше ѕвезда во две сезони на популарната емисија на „Дискавери“, без знаци на живот беше пронајдена во гостинската соба во семејната куќа […]