fbpx

ОГРОМНА ТАГА! Тато, сакам уште еднаш да те гушнам и да те бакнам..

Почина популарниот јутјубер, пораката на неговиот шестгодишен син ќе ве скрши

По долга и тешка битка со ракот на дебелото црево, во средата наутро починал познатиот инфлуенсер, јутјубер и тиктокер Ренди Гонзалес, потврди семејството.

Гонзалес, кој се прослави под псевдонимот Enkyboys, за тешката болест првпат проговори во април минатата година кога на фановите им соопшти дека лекарите му дале до знаење дека му преостануваат најмногу уште две-три години живот.

По смртта на татка си, се огласи шестгодишниот Брајс, неговиот син кој му беше главна мотивација и поддршка во видеата што ги споделуваше откако дозна за канцерот.

„Со голема тага ја објавуваме веста за смртта на мојот татко Ренди Гонзалес. Татко ми имаше долга борба со ракот и конечно Бог му даде мир. Би сакал да им се заблагодарам на сите за убавите зборови. Тоа навистина значи многу. Тато, посакувам да те гушнам и да те бакнам уште еднаш.. Знам дека ќе не’ чуваш мене, мама и девојките. Додека не те видам повторно, тато, ветувам дека ќе те направам горд. Те сакам“, напиша тој во емотивната порака.

Следни Објави

Беше лудо вљубен во Брена: Почина познатиот актер, ОВАА нивна средба сè уште се прераскажува

Се прослави како Чаки во легендарниот филм „Хајде да се волимо“ Во Сараево денеска почина познатиот босански актер Александар Саша Петровиќ. Тажната вест на „Фејсбук“ ја потврди режисерот Срѓан Вулетиќ. Глумецот кој на големото платно беше лудо вљубен во Лепа Брена, последните 15 години не даваше интервјуа. Живееше повлечено, а […]