fbpx

Бранко Ѓуриќ скршен од болка: Патувај мирно!

Си замина најдобриот, напиша тој на социјалните мрежи

Не стивнуваат реакциите по смртта на актерот Александар Саша Петровиќ кој почина вчера во Сараево на 61-годишна возраст.

Денеска на „Инстаграм“ со трогателна посвета се огласи и популарниот актер, режисер и стендап комичар, Бранко Ѓуриќ Ѓуро.

„Вчера си замина најдобриот актер на нашата генерација и мојот другар од раното детство. Беше прв во се’. Беше премногу брз за еден живот. Збогум Сале. Патувај мирно! Толку многу поминавме заедно“, напиша ѕвездата од култниот серијал „Топ листа надреалиста“.

Глумецот кој на големото платно беше лудо вљубен во Лепа Брена, последните 15 години не даваше интервјуа. Живееше повлечено, велат оние што вистински го познаваа.

Пред две години Петровиќ кој играше и во популарната серија „Луд, збунет, нормален“ се повлече од актерството поради сериозни здравствени проблеми.

Следни Објави

ТРАГЕДИЈА! Ненадејно почина познатиот пејач, колегите се простуваат

Тажна вест, нека почива во мир Умре Милија Митровиќ, кантавтор и текстописец од Ужице, објавија српските медиуми. Популарниот „каубоец“, како што го нарекуваа колегите и пријателите, починал ненадејно, соопштија неговите колеги и пријатели. Со музика почнал да се занимава уште во 60-тите години на минатиот век. Заштитен знак му беа […]